Skip to main content
Балкан

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

24/11/2024  20:14

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Вишиот суд во Нови Сад и одреди притвор до 30 дена на уапсената Ј.С.М.

На 23 ноември, Вишиот суд во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на министерот за градежништво Весиќ и на поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.

Весиќ штрајкува со глад над 60 часа, но неговиот живот не е во опасност.