Skip to main content
Магазин

Турското кафе – многу придобивки

22/10/2024  00:06

Иако светот денес нуди различни видови кафе, за многумина турското кафе останува омилената опција која носи бројни здравствени придобивки. Еве зошто ова традиционално кафе продолжува да биде избор број еден за многумина.

Турското кафе има значително помалку калории во споредба со другите видови, особено ако не го засладувате. Со само 5 калории по шолја, и без додаден шеќер, тоа е одличен избор за оние кои внимаваат на внесот на калории.

Освен тоа, кофеинот во турското кафе помага во забрзување на метаболизмот. Некои студии покажуваат дека може да го забрза метаболизмот за 3-11%, што го прави корисно за согорување на маснотиите.

Покрај тоа, турското кафе има природен диуретски ефект, помагајќи за подобро празнење на цревата. Ова е корисно за детоксикација на организмот.

Истражувањата покажуваат и дека фитохемикалиите од кафето може да имаат одреден заштитен ефект, потиснувајќи го брзиот развој на клетките на ракот во лабораториски услови, што го прави турското кафе можен сојузник во поддршка на здравјето.