Skip to main content
Македонија

Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“

18/11/2024  08:37

Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

MK Summit

Како што најавија од Институтот, на научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова.