Skip to main content
Македонија

Тетката на убиената Вања: Не само на Илон Маск, да имавме број и на Џо Бајден ќе му се јавевме

15/11/2024  12:00

На денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче, сведочеа блиските роднини на Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска.

Сестрата Оли Нешковиќ на сведочењето кажа дека се јавиле кај многу луѓе за да побараат било каква информација во врска со исчезнувањето на Вања.

„Баравме снимки од секаде. Не само на Илон Маск, да имавме број и на Џо Бајден ќе му се јавевме“, кажа Нешковиќ.

Таа кажа дека Гоце Трајковски го нашол цитроенот на Панче на снимка, и така ги поврзал работите. Рече дека од почеток сите тврделе дека Вања не заминала самоволно.

„Не бевме задоволни од работата на полицијата“, рече Нешковиќ.