Skip to main content
Спорт

Тензии во Романија: Косово се повлече по скандирањата „Србија, Србија“

15/11/2024  23:57

Фудбалската репрезентација на Косово не го доигра натпреварот против Романија во Букурешт, откако атмосферата на трибините ескалираше со скандирања „Србија, Србија“. Инцидентот се случи во судиското продолжение, кога тензиите меѓу играчите на двете селекции дополнително ја заострија ситуацијата.

Во знак на протест, гостинските фудбалери и стручен штаб одлучија да го напуштат натпреварот. Според првичните информации од медиумите, и покрај тоа што останаа само неколку минути до крајот, натпреварот ќе биде регистриран со службена победа од 3:0 за домаќинот.