Skip to main content
Магазин

Теа Таировиќ од Скопје замина во Крушево да го посети родниот град на Тоше Проески

29/10/2024  18:19

По повод закажаниот концерт на балканската музичка ѕвезда Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје, денеска во прес центарот на Арената “Борис Трајковски” се одржа прес конференција.

Помеѓу сите детали за самиот настан кои Теа ги соопшти пред новинарите, интересно е што откри и каде заминува веднаш после прес конференцијата.

Имено, Теа се упати кон Крушево, бидејќи никогаш не била, со цел како што кажа  да го посети родниот град на прерано загинатата балканска ѕвезда Тоше Проески.

– “Никогаш не сум била и ќе ја искористам оваа прилика да отидам прв пат, па луѓето нека видат барем на камери ако немаат прилика во живо, тогаш низ фотографии.”