Skip to main content
Кошарка

Суспендирани се судии во АБА 2 лига

18/10/2024  08:30

Златибор и Борац Бања Лука одиграа еден супер неизвесен, драматичен натпревар во АБА 2 лига, натпревар на кој мораа да се играа дополнителни минути кои минаа во знакот на гостите кои на крајот славеа со 93:90.

Никој на теренот не примети дека домашниот тим има плус еден играч на паркетот, нешто што навистина е нереално и токму поради овој пропуст судиската тројка е санкционирана за циркусот што го дозволија. Тие добија добија суспензија од по два натпревари.