Skip to main content
Балкан

Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС

22/11/2024  12:14

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави денеска дека неговата земја „ја почитува одлуката“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во врска со налозите за апсење за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото и дека целосно ќе се придржува до неа.

MK Summit

Голоб изјавата ја даде по повод налогот за апсење од Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и воениот шеф на Хамас Мухамед Деиф, јави словенечката СТА.

„Словенија ја почитува одлуката на МКС за налози за апсење за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото и целосно ќе се придржува до неа“, рече Голоб.