Skip to main content
Хроника

Скопјанец со керозин и плински боци го предизвикал пожарот во Адвокатската комора

03/12/2024  15:30

41 годишен скопјанец маскиран со фантомка на главата со секира ја скршил влезната врата на Адвокатската комора, на скалите наредил коцки керозин, а врз нив ставил повеќе плински боци кои потоа ги потпалил со запалка.

Ова се деталите од истрагата на Јавното обвинителство за пожарот кој пред девет дена ги зафати просториите на комората која се наоѓа во скопски Аеродром.

Потпалувачот пред зградата каде што е сместена комората пристигнал со свое возило и за само половина час откако го предизвикал пожарот избегал во Косово преку граничниот премин „Блаце“, поради што за него вчера била распишана и меѓународна потерница. Според обвинителството осомничениот една недела претходно се подготвувал за палењето, за кое набавил 48 коцки со керозин, секира, гумени ракавици и запалка.

Со пожарот во станбената зграда каде што се наоѓа Адвокатската комора е предизвикана штета од поголем обем која според јавното обвинителство се проценува на околу 151 илјада евра.

Целиот текст на Канал 5 со клик ТУКА.