Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече портпаролката на СДСМ Богандка Кузеска.
Според неа и СДСМ, ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот.
„Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на судскиот совет, избрана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов.
Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега. Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело“ вели Кузеска во одговор на новинарско прашање.