Skip to main content
Македонија

Силјановска започнува консултации за нов состав на Комисијата за помилување

28/10/2024  17:31

Алсат дознава дека од утре почнуваат консултациите за формирање на новата Комисија за помилување во рамките на Претседателството, откако во саботата актуелниот состав колективно си поднесе оставка по острите реакции во јавноста за помилувањето. На списокот од 10 лица помилувани од претседателот се најдоа неколку лица со криминално досие. Консултациите, како што претходно најавија од Кабинетот на Претседателстката, ќе бидат и во насока на решавање на институционалните и правните слабости за помилување на осудените лица.

Од Кабинетот на претседателката и денеска не одговорија кога ќе заврши овој процес.

Сега веќе во оставка членот на Комисијата, Гордан Калајџиев, реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја поздрави оставката на комисијата, притоа потенцирајќи дека кој работи и греши и дека е важно што Комисијата ја прифати грешката.

„Комисијата не призна грешка како што посочува Мицкоски, туку дека се придржува до принципи!!!„, рече Гордан Калајџиев, поранешен член на Комисијата за помилување.

Мицкоски денеска одби дополнително да ја коментира изјавата на Калајџиев.

Извор: Алсат