Јутуберот Стефан Лазаров се обрати до јавноста за наградната игра што ја реализираа со Бојан Јовановски-Боки 13.
„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно. Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо погрешно. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени“, напиша јутуберот.
Бојан Јовановски-Боки 13, се повлекува од појавување во јавност со Стефан Лазаров на најавените настани за „Гивавеј“, со Стефан Лазаров.
Тој кажа дека бил изложен на стрес, откако инспектори почнаа да ја проверуваат нивната работа.
Инаку, синоќа инспектори на УЈП влегоа во објектот каде што се организира наградната игра.