На 18.10.2024 во 20.55 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата од булеварот „Туристичка“ со улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од село Лешани, општина Дебрца удрило во пешак 43 годишна жена од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.