Skip to main content
Македонија

Сведочење на сопартиец на Палчо: Во собата каде што спиеше Палчо видов пиштол

13/11/2024  11:34

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше брачен пар, чие што било возилото ,,рено кангу”, но го отстапиле на партијата Десна, пренесе Фокус.

Тој раскажа дека Палевски имал чуден однос со двајцата обвинети, Влатко Кешишов и Велибор Манев.

-Ми беше чуден нивниот однос, беше поданички. На пример, кога ќе им беше зборувано со повисок тон, тие не враќаа, не влегуваа во расправи со Палчо, сведочеше сведокот.

Тој, на прашање на обвинителката, истакна дека видел пиштол во штабот, во собата во која спиел Палчо.