Skip to main content
Македонија

„Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката

18/10/2024  12:11

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди во школо, ја кажа можеби клучната реченица началникот Дејан Димовски за Александар Ѓорчевски.

Полицијата забележала дека тој бил фатен на камера кај „Александар Палас“ и Качанички пат.

Кога прашале што бара натаму рекол дека гледал на филмови дека ако некој е киднапиран оди кон граница. Кога го прашале зошто не заминал, рекол дека имало гужва.

На полицијата ѝ била чудна пораката која Александар ѝ ја пратил на Вања – следниот ден да се облече убаво оти ќе било многу ладно.

Александар, според зборовите на началникот, ѝ рекол на поранешната сопруга „Не се секирај, ако побараат откуп ќе земеме од кај Хари“.

Доказ, кој можеби ќе биде клучен за овој случај, е пораката што Александар по грешка ја пратил во школската група кај Вања, но веднаш ја избришал.

Полицијата ја вратила и во неа пишувало: “Само кажете колку пари треба”.

Кон кого била упатена засега е непознато.