Skip to main content
Култура

Русија изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети, прогласена воздушна тревога

13/12/2024  08:53

Утрово Русија изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети, изјави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

Компанијата „Укриненерго“ на Фејсбук објави дека поради силниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, се зголеми обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија.

Прогласена е воздушна тревога низ целата земја, а украинските воздухопловни сили издадоа предупредување дека Русија лансирала проектили за време на нападот, пренесува Укринформ.