Skip to main content
Балкан

Романскиот парламент одобри купување на американски стелт авиони Ф-35

13/11/2024  11:50

Парламентот во Букурешт со мнозинство гласови го усвои законот со кој се одобрува купувањето на 32 американски повеќенаменски борбени стелт авиони Ф-35 за 6,5 милијарди евра, а првите примероци требаше да и бидат доставени на Романија во 2031 година.

Како што јави порталот „Балканска безбедносна мрежа“, пратениците во романскиот парламент со 194 гласа „за“, четири против и еден воздржан, го поддржаа законот што Владата им го испрати на усвојување по итна постапка, пренесе Бета.

Покрај 32-та авиони, набавката вклучува оружје, резервни делови, опрема и логистичка поддршка, а испораката ќе започне во 2031 година.

Планирано е купување на уште 16 авиони како надополнување на трите ескадрили на романското воздухопловство, кои во моментов се вооружени со авиони Ф-16, кои се набавени како привремено решение.