Skip to main content
Балкан

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата

04/12/2024  11:06

Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот на минатиот месец е зголемена за околу 20 милиони евра во однос на август.

За време на периоди на економска несигурност или финансиска криза, инвеститорите често се свртуваат кон златото како безбедно засолниште.

Вредноста на златото има тенденција да се зголемува кога другите инвестиции, како што се акциите или валутите, имаат слаби перформанси. Тоа е затоа што на златото се гледа како на стабилно средство, кое ја одржува својата вредност дури и во турбулентни економски услови.