Во врска со извршеното кривично дело „убиство” на 01.11.2024 во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје беше убиен С.А. (56) од с.Арачиново, a Х.А. (20) од с. Арачиново, се здобил со прострелни рани, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што утврден е идентитетот на сторителите и тоа Ш.Ш. (23) од с.Арачиново и Е.Ш. (31) од с.Арачиново.
Исто така, утврдено е и возилото со кое е извршено кривичното дело “ауди А5” со скопски регистерски ознаки, во сопственост на Е.Ш., кое е пронајдено и одземено.
На 02.11.2024 од страна на ЕНК-ОКСД во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Ш.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривична пријава против Е.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ, при што Е.Ш. е лишен од слобода, а Ш.Ш. е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање..
Од страна на Судија на претходна постапка на двете пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.