Skip to main content
Хроника

Пукање во гостиварско поради нерасчистен долг

18/11/2024  14:08

Вчера (17.11.2024) во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од Форино, гостиварско.

„Тој се сомничи дека претходно во Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош. Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со 4 куршуми.“, стои во полициското соопштение.

СВР Тетово додава дека по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.