Бегалец од затворот „Идризово“ бил приведен вчера од страна на кавадаречката полиција.
„Вчера во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.В.(38) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово“, информираат од МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.