Skip to main content
Хроника

Приведени рибокрадци во Охрид, следува пријава

06/11/2024  14:59

Околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид.

Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица.

Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.