На 11.11.2024 во 12.40 часот во с.Долно Палчиште, општина Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од с.Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од с.Селце Кеч.
-Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците, инфомира МВР.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.