Skip to main content
Хроника

Претрес во Скопје, пронајдени дрога, оружје пари…  

12/11/2024  17:20


Во текот на вчерашниот ден (11.11.2024) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, постапувајќи по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во содејство со полициски службеници од Интервентна полиција од СВР Скопје извршија претрес кај Б.Ј.(39) во Скопје.

При претресот во домот на Б.Ј. биле пронајдени 30 банкноти во апоени од по 20 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба на банкомати, пет  пиштоли, една кеса со бела грутчеста материја, мобилни телефони и др.

Исто така, извршен е претрес на товарно моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, при што биле пронајдени вреќи во кои имало 21 ќесиња марихуана и други предмети.Пронајдените предмети се подигнати и предадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи” и член 215 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” од КЗ.