
Вчера во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 40-годишниот Р.П. од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и две дигитални ваги.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.