Skip to main content
Хроника

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведени дилери

01/11/2024  11:40

На 31.10.2024 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(22) и Л.Б.(26), двајцата од Гевгелија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, по член 215 од Кривичниот закон.

На 30.10.2024 А.М., заради продажба, купил 25 парчиња екстази  и 68 грама амфетамин, а подоцна во станот на Л.Б. набавениот амфетамин го препакувале во мали најлонски пакувања за понатамошна продажба.

При претрес на домот на Л.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени амфетамин и марихуана, а во дворното место било пронајдено најлонско ќесе со екстази, амфетамин и една дигитална вага. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, каде во службениот разговор го признале делото, а А.М. признал и дека предметите кои биле пронајдени во дворното место ги фрлил тој, откако забележал дека пред зградата има полициски службеници.