Skip to main content
Забава

Полнети шампињони: Вкусен ручек за сечиј вкус и џеб

08/11/2024  15:05

Можностите за полнење се бескрајни… Комбинирајте го она што го сакате и ќе имате прекрасно предјадење, ручек или вечера за вашето семејство и драги гости.

Состојки: шампињони 10, ајвар 5 лажици, колбаси 100 гр, сирење 200 гр, маслинки 5, сирење 150 гр и маслиново масло 2 лажици.

Подготовка: Во тавата ставете хартија за печење. Измијте ги шампињоните, исушете ги и извадете ги нивните стебла. Ставете ги во тавче, па наполнете ги со ајвар до половина од вдлабнатината. Над ајварот додадете парче колбас и сечканите маслинки.

Згора на тоа додадете парчиња сирење и на крај рендан кашкавал. Печурките прелијте ги со маслиново масло и ставете ги во загреана рерна да се печат околу 30 минути на 200 степени.