Италијански „Тутоспорт“ ги објави номинациите за наградата „Златно момче“, која ова спортско издание ја доделува секоја година.
А, и согласно номинациите, меѓу 25 имиња кои се на финалниот список, главен фаворит за освојување на признанието е ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал. И претходните три години добитници на наградата беа фудбалери од шпанската Ла Лига како Џуд Белингам од Реал Мадрид и Педри и Гави од Барселона.
Добитникот на наградата, која се доделува повеќе од две децении, ќе биде објавен на 4 декември. Досегашни носители на ова признание се и Лионел Меси, Вејн Руни, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДАТА „ЗЛАТНО МОМЧЕ 2024“
Ламин Јамал (Барселона)
Пау Кубарси (Барселона)
Савио (Манчестер Сити)
Рико Луис (Манчестер Сити)
Александар Павловиќ (Баерн Минхен)
Жоао Невеш (Париз Сен Жермен)
Ворен Заир-Емери (ПСЖ)
Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед)
Коби Мејну (Манчестер Јунајтед)
Јорел Хато (Ајакс)
Арда Гулер (Реал Мадрид)
Дезире Дуе (ПСЖ)
Оскар Глух (Салцбург)
Саму Омородион (Порто)
Вилсон Одобер (Тотенхем)
Андреас Шелдруп (Бенфика)
Лени Јоро (Манчестер Јунајтед)
Џејми Баноа-Гитенс (Борусија Дортмунд)
Кенан Јилдиз (Јувентус)
Кристијан Москера (Валенсија)
Адам Вортон (Кристал Палас)
Матис Тел (Баерн Минхен)
Ендрик (Реал Мадрид)
Елиес Бен Сегир (Монако)
Самуел Мбангула (Бенфика)