Skip to main content
Култура

„Поетот и градот“ со Влада Урошевиќ – осумдесет години слободно Скопје

13/11/2024  08:36

Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот. 

MK Summit

Како што соопштуваат од КИЦ, главен гостин на настанот ќе биде академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.

Оваа година се одбележуваат и 90 години од неговото раѓање и 65 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“.

На настанот ќе учествуваат и Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, кои ќе разговараат со Урошевиќ за неговата поезија и врската со Скопје. Присутните ќе имаат можност да слушнат за различните периоди на Скопје, како и за личните сеќавања и согледби на Урошевиќ за градот и неговото творештво.