Skip to main content
Скопје

Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода

11/12/2024  10:32

Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата Топаанска во скопската општина Чаир. Досега се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри претежно мешан комунален отпад, а екипите на Претпријатието и денеска ќе ги продолжат активностите на оваа локација. Воедно, во општината Чаир се подигнати и 10 кубни метри непрописно одложен кабаст отпад на улицата Џон Кенеди.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден интервенираше и во општината Кисела Вода, каде што се отстранети 15 кубни метри кабаст и отпад од картонска амбалажа одложени на јавни површини на улиците Фредерик Шопен, Димо Хаџи Димов и Томе Арсовски.