Skip to main content
Скопје

ПОДИГНАТИ 60 КУБНИ МЕТРИ НЕПРОПИСНО ОДЛОЖЕН ОТПАД ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЧАИР И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

06/11/2024  14:06

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирале активности за отстранување 60 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.

Отстранета е обемна дива депонија лоцирана до ООУ „Хасан Приштина“ во населбата Серава, а интервенирано е и на улицата Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

Во рамките на третата смена е извршено и расчистување на дива депонија лоцирана на улицата Македонска војска во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати и транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно одложен отпад.