– Пет ракети го погодија регионот Метула во северниот дел на Израел во близина на границата со Либан, соопшти израелската војска.
Според првичните информации во нападот нема повредени луѓе.
Либанското милитантно движење Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа лансира ракети врз Израел, поддршка на палестинската група Хамас. Израелската војска одговори со масовна кампања на воздушни напади и копнена инвазија во Либан.
Од октомври минатата година во судирите помеѓу Израел и Хезболах загинаа 3.558 луѓе во Либан и 82 војници и 47 цивили убиени се во Израел.