Skip to main content
Свет

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

26/11/2024  11:54

Членките на Северноатлантската алијанса треба да ја забрзаат процедурата за Украина да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро, се наведува во резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО.

„Собранието ги повикува владите и парламентите на членките на Алијансата да ги интензивираат политичките и практичните напори за Украина да добие покана и да стане 33. членка на НАТО што е можно поскоро“, се вели во резолуцијата, пренесува Укринформ.

Во резолуцијата се повикува на зголемување на воената, финансиската и хуманитарната поддршка за Украина, како и навремено снабдување со муниција и современи оружени системи.

Собранието препорачува и заострување на санкциите кон Русија и Северна Кореја и обезбедување на Украина со ракети со среден дострел за одбрана и одвраќање од понатамошна агресија.

Оваа година, Парламентарното собрание на НАТО се одржува во Монтреал, Канада.