Skip to main content
Македонија

Палчо додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата – сведочење на пријател на Палчо

20/11/2024  12:39

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, додека бил во Белград, знаел дека го бара полицијата. Ова денеска пред судот го сведочеше Ламбе Бучков кој го знаел Палевски повеќе од 20 години и со кого телефонски разговорал во тој период, пренесува Телма.

Палевски му рекол дека Влатко Кешишев кој, исто така, е обвинет во случајот, го информирал дека полицијата била во партијата „Десна“ и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Палевски на Бучков му рекол дека планира да замине во Софија, па во Турција бидејќи таму поради претстојните избори имал состаноци со политички партии со кои соработувал.

Инаку Бучков сведочеше дека Палевски немал пари и негов имотен пријател му дал 15.000 евра како аванс со цел од него да земе земјиште за изградба на зграда. Но, бидејќи не било издадено одобрение за изградба на зграда, Бучков ги барал парите назад и затоа во периодот на исчезнувањето на Ѓорчевска, често комуницирал со Палевски.