Skip to main content
Хроника

Нови два случаи на агресија кон полицајци во Гостивар

24/11/2024  13:41

Повторно евидентирани случаи на агресивно однесување кон полициски службеници во Гостивар. Ги пренесуваме информациите за нив дадени во билтенот на СВР Тетово:

„На 23.11.2024 во 22:40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ш.Р.(23) од тетовско Вејце, кој на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија и ги омаловажувал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 24.11.2024 во 02:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, пред Полициска станица Гостивар, го привеле В.С.(30) од Гостивар, поради тоа што го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија и ги омаловажува. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.“