Skip to main content
Uncategorized

Никој не ви се плаши, му рече Тренчевска на Мицкоски

31/10/2024  18:02

Денес во собранието се одржа првата седница наменета за пратенички прашања на новиот парламентарен состав

Во своето обраќање, пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска истакна дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ водела погрешни економски политики а премиерот Христијан Мицкоски едно зборувал, а друго правел

Прашувајќи го премиерот Мицкоски дали ќе прифати некој предлог кој доаѓа од опозицијата, Тренчевска порача дека сите економски параметри покажуваат дека економската состојба во државата се влошува.

„Цените на производите растат, а платите не го следат покачувањето, мерките на Влчадата со кои се замрзнаа маржите се целосно неефикасни и не ги дадоа посакуваните резултати, основните производи не поевтинија, напротив, цените на дел од нив се зголемуваат, трговците ја изиграа владата а се чини дека тоа на Владата и одговара. Во октомври, синдикалната кошничка споредено со претходниот месец, е намалена за само 57 денари, толку заштедија граѓаните за еден месец со мерките. 61.249 денари му се потребни на едно четиричлено семејство за да може да ги покрие основните потреби во месецот, а просечната плата е намалена за 1000 денари откако сте вие премиер. Ветувавте дека ќе се зголемат платите, дека ќе ја зголемите минималната плата, но реалноста е поинаква и не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува. Тоа го потврдува и Светска банка во својот најнов извештај за Македонија каде изнесува поразителни информации за македонската економија. Наместо очекуваниот раст од 2,5% годинава, според СБ годинава ќе ја завршиме со само 1,8% раст на БДП“ порача Тренчевска.

Пратеничката Тренчевска му забележа на Мицкоски дека тој иако зборува за обединување и подавање рака, во Собранието навредува, заплажува и им се заканува на пратеници од опозицијата.

„Од името на цела група сакам да ви кажам, дека не ви се плашиме, никој од СДСМ не ви се плаши. Ако имате какви било докази, ваша обврска е да ги однесете кај надлежните органи и тие потоа ќе постапуваат, а не вие и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да изигрувате обвинители“ рече Тренчевска.