Skip to main content
Македонија

Николовски на дводневен состанок за „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ во Будимпешта

18/11/2024  10:35

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски учествува на дводневниот состанок на високо ниво „Зајакнување на регионалната царинска соработка” што се одржува од 18 до 19 ноември во Будимпешта. На состанокот присуствуваат директорите и високи претставници на царините од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ.

Настанот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј. Истиот е организиран под покровителство на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ и Националната даночна и царинска администрација на Унгарија