Skip to main content
Свет

Најмалку 25 загинати и речиси 50 повредени во експлозија на железничка станица во Пакистан

09/11/2024  17:55

Најмалку 25 лица загинаа, а речиси 50 се повредени во денешната експлозија на бомба на железничка станица во Пакистан, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните власти, локалната полиција и локалните медиуми.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи во моментот на експлозијата на станицата имало стотици луѓе.

Нападот се случил на железничката станица во југозападниот град Квета, административен центар на провинцијата Белуџистан, токму во моментот кога експресниот воз тргнувал за Пешавар, главниот град на Хајбер-Пахтунхва.

Според истражителите нападот најверојатно бил самоубиствен напад, јави ДПА.