Населението на Украина се намалило за 10 милиони луѓе или околу една четвртина од почетокот на руската инвазија, соопшти ОН.
– Намалувањето се должи на бегалскиот бран, падот на наталитетот и загинатите во војната, изјави Флоранс Бауер, регионална директорка за Источна Европа на Фондот за население на ОН.
Таа истакна дека уште пред инвазијата Украина се соочуваше со демографски предизвици, а војната ја влоши состојбата.
Во 1991 година, Украина имаше над 50 милиони жители, додека пред инвазијата во 2022 година бројот изнесуваше околу 40 милиони.