Skip to main content
Балкан

Момчето и девојката повредени при паѓањето на натстрешникот во Нови Сад се во многу тешка состојба

18/11/2024  12:38

Осумнаесетти ден мултидисциплинарниот консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари на Универзитетскиот клинички центар во Војводина обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции на двајцата пациенти што се примени со тешки политрауматски повреди добиени како последица на уривање на бетонската конструкција на 1 ноември 2024 година.

Како што соопштија од Клиничкиот центар на Војводина, младиот човек Ц. В. (18) и девојката М. Т. (24) се во многу тешка здравствена состојба.

Мултидисциплинарниот консултативен тим од лекари секојдневно донесува одлуки за понатамошно лекување, додаваат од таму.