Skip to main content
Македонија

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

25/11/2024  13:25

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција.

Според Мицкоски, локалните избори, што треба да се одржат за 10-тина месеци, ќе бидат тест за новото раководство на СДСМ.

 „Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но за жал морам да констатирам дека не сум импресиониран“ рече Мицкоски.