Во 12.30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на наплатната станица Гевгелија, во правец кон Скопје, сопреле патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар агенција од Скопје, а управувано од И.А.(54) од Р.Турција. Притоа во возилото се откриени седум лица илегални мигранти од Сирија, од кои три лица се малолетни. И.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така денеска (18.10.2024), во 12.10 часот на крстосницата кај Богданци при контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со црногорски национални ознаки, сопственост на рент а кар агенција, а управувано од С.Ј.Ф., турски државјанин со привремен престој во Црна Гора, биле пронајдени пет лица илегални мигранти од кои две малолетни лица. С.Ј.Ф. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.