Skip to main content
Спорт

Меси заработува повеќе од сите фудбалери заедно во 22 екипи во МЛС

25/10/2024  12:21

Најдобриот светски фудбалер, Аргентинецот Лионел Меси, заработува повеќе во неговиот клуб Интер Мајами од сите професионални фудбалери заедно во 22 од 28-те прволигашки екипи во американската МЛС лига.

Ова го покажуваат податоците објавени од Синдикатот на играчите, во кои не се земени предвид спонзорските договори.

Меси, кој со Аргентина го освои Светското првенство 2022, ќе заработи 20.446.667 долари, откако Интер ја обезбеди титулата во регуларниот дел од сезоната МЛС.

Повеќе од Меси сите заедно заработуваат фудбалерите во Мајами (21.9 милиони долари), Синсинати (2.1 милиони долари) и во Хјустон (20.5 милиони долари).

Со 41,7 милиони долари, целиот тим на Мајами е значително поскап од кој било друг во лигата.