Skip to main content
Спорт

Меси би можел да се врати во Барселона пред Светското првенство 2026

04/11/2024  11:02

Напаѓачот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси би можел да се врати во Барселона пред Светското првенство во 2026 година. Ова го објави порталот „GolDigital“.

Договорот на напаѓачот со клубот од МЛС истекува на 31 декември 2025 година, тогаш тој ќе има 39 години. По ова, Меси може да го напушти Мајами и да замине во Барселона како слободен играч за подобро да се подготви за последното Светско првенство во кариерата.

Наводно оваа опција е поздравена лично од претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.