Вчера во 21,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот П.Ј. од село Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 73-годишната Д.Ј. од село Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.