Skip to main content
Скопје

Левица: Општина Илинден се луксузира со народни пари, потрошени речиси 9000 евра за 3-дневна обука во Нови Сад

28/11/2024  09:58

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Според нас, како политичка партија, се работи за луксузен туристички викенд под превезот на обична обука бидејќи за овој престој во луксузен хотел со 4 ѕвезди во странство, со јадење, пиење, со превоз со високо туристички автобус, се потрошиле речиси 9000 евра народни пари.

Интересен факт е тоа што обуката ја крстиле “Ефикасно управување со буџетите на локалната самоуправа: Решенија и предизвици”, што сосема се коси со начинот на реализација бидејќи се работи за очигледно расипништво и душманско расфрлање со народните пари.

На жителите на Општина Илинден им е јасно зошто во општината нема канализација, зошто улиците се во катастрофална состојба со дупки, зошто градинките добиваат спонзорства од кладилниците, зошто жителите се лечат во полураспадната амбуланта, а тоа е токму поради ваквиот начин на луксузирање на локалните власти предводени од ДПМНЕ.

Општината, за да постапи домаќински и економично, требала обуката да ја реализира во рамки на работното време на службениците и во рамки на самата институција, но за жал тие се одлучиле да патуваат и да се гоштеваат во Република Србија, Нови Сад.

Локалните избори се ближат, жителите на Илинден ќе имаат можност за брзо време да го казнат ваквото расипништво на ДПМНЕ во Општина Илинден!