Skip to main content
Македонија

Левица: Владата нема да го зголеми надоместокот за туѓа нега, ќе интервенираме амандмански 

15/11/2024  12:50

Соопштение на Левица:

Буџетот за 2025 година е веќе во собраниска процедура и истиот ја имза загувено социјалната компонента како основна задача на државата. Посебно револтирачки за родителите на лицата со попреченост е фактот што во Буџетот за следната година, не се предвидени средства за зголемување на надоместокот за туѓа нега.

Надоместокот за туѓа нега е единствениот додаток кој што го добиваат лицата со попреченост над 26 години и истиот изнесува само 5.200 денари, износ којшто е далеку и под европските стандарди и под човековото достоинство.

Иако Законот за социјална заштита предвидува надоместок заради попреченост, истиот им е достапен само на лицата со тешка интелектуална или тешка телесна попреченост и потполно слепи и глуви лица. На сите останати категории на лица со попреченост над 26 години не им следува овој додаток, што е стамно за држава којашто во својот Устав се какрактеризира како социјална.

Дополнителен револт кај родителите на лица со попреченост се јавува и поради фактот што поради законските измени  процедурата за добивање на надоместокот за туѓа нега драстично се отежнува и овие лица мора секоја година да ги вадат сите потребни документи и лекарски извештаи и покрај трајноста и непроменливоста на здравствената состојба на лицата со попреченост.

За овие законски измени Левица алармираше дека се штетни, но тогашната власт  на СДС и ДУИ сепак ги усвои, а сега Владата на ДПМНЕ. ЗНАМ И ВРЕДИ, продолжува ги продолжува овие лоши практики, за сметка на популистички мерки и лажни предизборни ветувања.

Во отсуство на влада Влада која суштински ги решава социјалните проблеми и држава која целосно го има загубено духот на солидарноста со оние на кои им е најпотребна, Пратениците на Левица поднесоа Амандман за Буџетот на РМ за 2025 година, со кој што ќе побараат да се наменат средстава за зголемување на износот на надоместокто за туѓа нега!