Skip to main content
Македонија

Курти: Косово и Македонија немаат недоразбирања

18/11/2024  13:17

Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања, истакна на почетокот на меѓувладината седница Косово – Македонија косовскиот премиер Албин Курти.

-За време на овие 15 години имаме потпишано повеќе од 50 договори и меморандуми кои што не доближиле уште повеќе, но она што треба да го напоменеме е целосната нивна имплементација. Денеска овој прогрес ќе го унапредиме уште, потпишувајќи два нови меморандуми и еден протокол во важната сфера, како што се енергетиката, образованието и олеснето движење. Нашите добри односи се пресликуваат и постојаното зголемување на трговската размена, изјави косовскиот премиер Курти.