Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за стружанец поради бесправно градење

06/11/2024  12:49

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.О.(51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”.

На катарстарска парцела во струшкото село Мислешево, пријавениот без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, изградил доградба на објект за домување.

Од извршениот инспекциски надзор извршен од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ги  отстрани утврдените неправилности.