Skip to main content

Првопријавениот М.Г. – директор на ЈП „Стрежево”, во периодот од 2019 до 2021 година пропуштил должен надзор на движењето над браната на хидроакумулацијата Стрежево, на начин што не спречил да се движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежни материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Второпријавениот, раководител со стратешкиот објект „Брана” Стрежево, во периодот од 2019-2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.

Третопријавениот, раководно лице на сектор за зафаќање, акумулирање, заштита и мониторинг на води, во периодот од 2019-2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежени материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.